ВИДЕО | Заев и Борисов се расправале за корените: Или сме од мајмуните или од Адам и од Ева, како само Македонците потекнуваат од Бугарите

Премиерот Зоран Заев во гостувањето на Утрински брифинг објави детаљ од разговорите со поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов кој се однесува на обидите од бугарска страна да се негира македонскиот идентитет, историја и јазик.

-Проблемот со Бугарија е смешен. Викам аман бе, браќа бевме до сега. Излегува дека не ни признавате македонски идентитет, јазикот. А реакцијата оттаму пред нас и пред новинарите е викаат не не, ние реалноста ви ја признаваме, ама дај да видиме корењата. Со Бојко кога сум разговарал, говоревме за тоа. И тој е православен христијанин и јас сум православен христијанин и праша како ние тоа го сфаќаме околу корењата, а многу е едноставно за сфаќање. Во науката сите сме од мајмуните. По религијата сите сме од Адам и од Ева. Е како тоа од цел свет само Македонците од Бугарите потекнуваат или Бугарите од Македонците. Значи или сме од мајмуните или од Адам и од Ева. Затоа има историско образовна комисија која треба да ги разработи сите можни аспекти. На крајот го фаќаш ликот, како што до сега обработивме пет лика и гледаш како одма не прави попријатели, рече Заев утрово на Брифингот со Сашо Орданоски.

ВИДЕО | Заев: Во СДСМ градам структури кои сакам да ја демократизираат, да има дебата, различност, кавги – ние сме отворена партија

ВИДЕО | Заев: Кабаетлукот на ЕУ е недвојбен, ниту една земја која е аспирант за членство во ЕУ не чекала толку

ВИДЕО | Заев: Брисел ги знае нашите црвени линии – Ако го чепнете македонски идентитет и јазик тргнете нѐ од преговорите

ВИДЕО | Заев: Сакаме зелена енергија, ќе поскапува и цената на струјата, сите инвестиции на државата во тој дел ќе чинат пари

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот