ВИДЕО: Заев и Борисов не смеат да бидат заложници на историчарите – разговор со д-р Ѓорѓи Филипов

Не е точно дека проблемот со Бугарија е билатерален. Договорот е билатерален, но ако ја земете ЕУ како Сојуз на држави со кои што треба да преговараме, сепак тоа е на некој начин интернационален проблем и бидејќи се работи делумно и за историската наука и тука доаѓаме на едно интернационално ниво, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, поранешниот амбасадор д-р Ѓорѓи Филипов.

-Изјавите на амбасадорите се во насока да им се помогне на носителите на одлуките, премиерите на двете влади, да најдат солуција, со што, како што рече германската амбасадорка, да остават место да се исфрлат елементите и во едната и во другата земја – патриотизмот да не преоѓа во национализам или уште полошо шовинизам, ниту од едната ниту од другата страна. Ние сепак сме тие што бараме прием во ЕУ, а Бугарите дека се дел од еден сојуз кој што има едно свое колективно мислење кое не е препорачливо да се негира и да се исклучите од тоа мислење- вели д-р Ѓорѓи Филипов.

Значи им се остава на Борисов и Заев кои елементи ќе се исклучат, каде да се попушти или да најдат нови инструменти. Билатерален проблем беше и меѓу Словенија и Хрватска – таму вмешаа еден нобврзувачки суд во кој што се согласија дека ќе ја почитуваат неговата одлука, вели Филипов.

Целото интервју погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот