ВИДЕО: Заев и Ахмети дочекани со свиркања при вчерашната посета на опожарената болница во Тетово

Али Ахмети и Зоран Заев / Фото: Драган Митрески

При посетата на опожарената модуларна болница во Тетово, премиерот Зоран Заев заедно со неговиот коалициски партнер Али Ахмети беа пречекани со свиркања од страна на собраните граѓани во близина на пожарот, објави ТВ Клан.

Инаку, страотниот пожар кој синоќа ја зафати модуларната ковид болница во Тетово одзеде 14 животи, а 12 лица се повредени и се наоѓаат вон животна опасност

 

 

Видео на денот