ВИДЕО | Заев: Денес сите се одлучни, ВМРО-ДПМНЕ завршува со лавовите, биковите и шмизлите

Фото: СДСМ

Нашиот политички противник ќе победи во шест општини, ќе добие шест градоначалници, а коалицијата предводена од СДСМ ќе има најмалку 22 градоначалника во првиот круг или 3,5 пати повеќе. Резултатот ќе биде 22:6 во првиот изборен круг. Слушајте ме внимателно, добро сум информиран, рече лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев на вечерашниот митинг во Автокоманда.

Заев истакна дека времето на ВМРО-ДПМНЕ заврши со лавовите, биковите и шмизлите. Ова сега, рече, е време на современи, модерни, европски општини, на развиена, европска држава.

– Градиме држава, општини, го слушаме гласот на граѓаните. Не е нормално да поставуваш лавови, бикови и шмизли, а да продаваш конзервативни вредности и наводна чесност зад која се кријат криминални апетити. Денес сите се одлучни, ВМРО-ДПМНЕ завршува со лавовите, биковите и шмизлите. Ова се времиња на ведри луѓе, дрвја и паркови, безбедни булевари и улици, детски насмевки во современи градинки, мотивирани ученици во современи школи, ова се времиња на автентична урбана култура и на европски општини, подвлече Заев.

Осврнувајќи се на Гази Баба, Заев рече дека оваа општина е влезот на Скопје, првиот впечаток на патниците и туристите, а Автокоманда е една од најблиските до центарот на главниот град.

– Борче ги почна промените, сработи добро и секој ден носи се подобро за општината и граѓаните. Ги засука ракавите кога требаше во Стајковци, носеше кофи, изнесуваше смет, кал зашто за нас довербата на граѓаните е чест, истакна лидерот на СДСМ.

Тој ги наброи реализираните проекти, но потсети и што направи актуелната власт во изминатите три години. Повтори дека наследија задолжени општини и дека помогнаа во нивното раздолжување.

– Од каде пари? Нема непродуктивни трошења и криминали, затоа е нормално да остануваат пари во Буџетот со кои градиме училишта, градинки, водоводи, канализации, птишта, булевари,…над 7.000 проекти на локално ниво. Ова ВМРО-ДПМНЕ ни на сон не може да го каже, а не па да го направи, рече Заев и најави низа проекти, меѓу кои нова зграда во ОУ „Крсте Петков Мисирков”, нови градинки, рекоснтрукција на Домот на културата во Ченто и Колнонија, решавање на проблемот со Вардариште, истакна Заев и ги повика граѓаните на 17 октомври масовно да излезат на гласање.

Пред него се обратија градоналаниците на Скопје и на Гази Баба, Петре Шилегов и Борис Георгиевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот