ВИДЕО | Заев: Да се здружиме и да ги запреме дезинформациите онлајн

Премиерот Зоран Заев на својот фејсбук-профил напиша дека ја прифаќа препораката дадена во рамки на Меѓународната недела на медиумска писменост да се размисли пред некоја содржина да се сподели, бидејќи, како што нагласува, споделувањето неточни или лажни информации може да предизвика сериозни, па дури и фатални последици.

– Ја прифаќам препораката да размислам пред да споделам, како иницијатива по повод Меѓународната недела на медиумската писменост. Споделувањето неточни или лажни информации може да предизвика сериозни, па дури и фатални последици. Да се здружиме и да ги запреме дезинформациите онлајн, напиша премиерот Заев на ФБ. 

Од 26 октомври до 2 ноември се одржува второто издание на Деновите на медиумска писменост (ДМП), организирани од Мрежата за медиумската писменост.

Ова е вторпат нашата земја да се вклучи во одбележувањето на Глобалната недела во рамките на која УНЕСКО годинава упати повик до сите граѓани да се спротистават на дезинфодемијата користејќи ја медиумската писменост како моќна алаткa и, без ралика каде живеат и работат во светот, да земат учество во настаните посветени на медиумската писменост.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот