24.8 C
Скопје

ВИДЕО | Заев: Ако може ЕУ да води кампања од јавен интерес, зошто да не може државата

Премиерот Зоран Заев денеска најави дека Владата ќе прави кампањи од јавен интерес како што е процесот на вакцинација. Тој нагласи дека државата не сака да прави владини кампањи во медиумите со парите на граѓаните, туку да ги зајакне медиумските работници во делот на нивното функционирање и независност. 

– Сакаме да формираме Фонд за продукции, да гледаме содржини кои ги има во светот, а кај нас ги нема. Затоа ќе ги повикаме сите здруженија, сите експерти и ќе им го поставам прашањето: Зошто ЕУ да може или УНИЦЕФ или Обединетите нации да водат кампања од јавен интерес, а државата да не може? Јас не би можел мирно да спијам ако државата не може да го информира населението при евентуални природни катастрофи. Ние немаме начин како, секаде во светот постојат овие алатки. Сакам да ја отворам оваа дебата и преку неа да ги изнајдеме решенијата, а на крајот тие што ќе бидат  коректив, да не следат за да не ни се случат грешките од минатото. Никако владини кампањи, туку само од јавен интерес. Може и опозицијата да отвори потреба од некоја јавна кампања. Критериумите мора јасно да бидат мониторирани од медиумските организации, рече Заев.

Тој најави и средби со новинари кои ќе помогнат во подигање на свеста за вакцинирањето со вакцините против ковид-19.

– Отворивме една дебата и во следните денови ќе се одржат доста состаноци и средби со медиумските здруженија и субјекти за да најдеме начин да ја подигнеме свеста за вакцинацијата, да се вакцинираат што поголем број граѓани, да стекнеме колективен имунитет и со тоа да ја совладаме и победиме пандемијата, рече Заев.

Според претходната најава, овој фонд за медиуми би бил со вредност меѓу 1,5 и 2,5 милиони евра на годишно ниво.

Поврзани вести

Лукаревска: Наша единствена алтернатива е ЕУ

Слободен печат

Пукотница во Старата скопска чаршија

Слободен печат

Филипче од Штип: Покажавме дека за нас зборот е збор, го имаме најдоброто за секоја општина

Слободен печат

Ексцентричен тајкун, креатор на најпознатата антивирусна програма, пронајден мртов неколку часа по одлуката за екстрадиција

Слободен печат

Заев тврди дека не разговарал со Ахмети за промена на знамето, грбот и химната

Слободен печат

Заев за новите проекти: Се воведува еколошка такса, ќе се инвестира во обновливи извори

Слободен печат

Остави Коментар