ВИДЕО | Заедничко навивање на Хрвати и Срби – најубавата сцена од турнирот во Тел Авив

Ѓоковиќ - Чилиќ/Тел Авив/2 октомври/фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN

Често пати спортот знае да ги сплоти фановите како што тоа не може ништо друго, сведоци за тоа бевме и во вчерашното финале на турнирот во Тел Авив.

Во финалната пресметка силите на теренот ги одмерија Новак Ѓоковиќ и Марин Чилиќ. Финалето не донесе голема неизвесност затоа што Ѓоковиќ сигурно стигна до победата. Меѓутоа сцената која најмногу привлече внимание се случи на трибините.

Навистина убаво беше да се види како фанови кои носат хрватски дресови веат српско знаме. Сите добро знаеме каква е ситуацијата на Балканот и дека ваквите ситуации за жал не се честа појава.

И коментаторот на „Спорт Клуб“ оваа сцена ја опиша како најубава не само во финалето, туку воопшто на целиот турнир во Тел Авив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот