„Соба за тага“ на Тоше крие морничава вистина: Стиховите се напишани од затвореник кој го убил љубовникот на својата сопруга

Тоше Проески
Тоше Проески во Хвар, Хрватска / 1 август 2007 / Фото: STRINGER / AFP / Profimedia

Македонскиот славеј, трагично загинатиот пејач Тоше Проески, секогаш ќе остане запаметен и како извонреден пејач, и како голем хуманитарец и човек со големо срце и душа.

Поради сите негови квалитети, речиси и да не постои личност што не го сакала, не само во Македонија, туку и на целиот Балкан, а многу од неговите песни и ден-денес се слушаат и нѐ потсетуваат на непрежалениот пејач со вонсериски талент.

Еден од неговите најголеми хитови беше и песната „Соба за тага“, а малкумина знаат дека зад овој текст се крие една тажна приказна. Имено, стиховите на овој хит наводно ги напишал еден човек во затвор кој издржувал казна заради убиство на љубовникот на неговата сопруга, а овие стихови тој ѝ ги посветил нејзе.

Текстот стигнал до менаџерката на Тоше, која му предложила да ја сними таа песна, а останатото е историја.

Како што објавија медиумите, авторот на овие стихови наводно не сакал никакви пари за песната, туку само сакал посвета на оригиналниот албум, што и ја добил.

Денес се навршуваат 15 години откако македонскиот пејач Тоше Проески загина во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка. Балканскиот Елвис Присли, како што го нарекоа од Би-би-си, нѐ напушти на 26-годишна возраст, оставајќи неизбришлива трага како човек.

Непрежалениот пејач со ангелски глас и голем хуманитарец сè уште живее преку неговите песни и добрите дела што ни ги остави да не ги заборавиме и да продолжиме да го следиме неговиот пример на добрина и несебичност.

Разговор со фан-клубот на Тоше Проески: Минаа 15 години од неговата смрт, времето не ги лекува раните

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот