ВИДЕО: Заборавениот скандал од првата одржана Евровизија

Фото: Јутјуб

Првиот извор за Песна на Евровизија е одржан во 1956-та година и на него учествувале само 7 земји. Победата ја однела претставничката на Швајцарија Лис Асиа, со песната „Refrain“, што предизвика скандал и ја доведе во прашање регуларноста на гласањето.

Во 1956-та година на иницијатива на генералниот директор на швајцарската телевизија Марсело Безенсона бил одржан првиот фестивал под називот „Grand Prix De La Chanson Europienne“, идниот избор за „Песна на Евровизија“.

Песната на Евровизија ја гледал како пат на обединување на различните земји и нации во поствоената Европа, а самиот назив „Евровизија“ за првпат го употребил британскиот новинар Џорџ Кемпи во листата „London evening standard“ во 1951-та година.

На првото натпреварување, одржано во градот Лугано на 24 мај 1956-та година учествувале Франција, СР Германија, Италија, Холандија, Луксембург, Белгија и домаќинот Швајцарија. Секоја земја испраќала по две песни, така што вкупно биле 14 песни.

Системот на гласање предвидувал секоја држава учесник да испрати по два члена на жирито кои можат да гласаат за сите песни, вклучувајќи ги и оние од своите земји. На крајот, жирито од Луксембург не можело да допатува во Швајцарија, па на земјата домаќин и било дозволено да гласа наместо нив.

Победата ја однела претставничката на Швајцарија, Лис Асиа, со песната „Refrain“,, што предизвикало скандал и ја довело во прашање целата регуларност на гласањето.

Одделни земји мислеле дека гласањето било наместено.

Во прилог на тоа оди и фактот дека гласовите на одделни членови од жирито никогаш не се објавени. Тоа што било објавено е дека победничката нумера освоила 102 поени, од можни 140.

Југославија на Песна за Евровизија се придружила дури во 1961 година како единствена земја надвор од западна Европа која се натпреварува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот