ВИДЕО | Забава на кров: Рок легендите „Ван Гог“ на 25 јуни со акустичен настап ќе ги забавуваат скопјани

Фото: Слободен печат

Скопје конечно ќе се „размрда“ по спласнувањето на рестриктивните мерки поради пандемијата, а затоа ќе се погрижат легендарните рокери од Белград, членовите на групата „Ван Гог“, кои на 25-ти јуни ќе настапат во македонската престолнина.

Уште повозбудлив е фактот оти овојпат нивната свирка ќе биде на кровот на Сити Мол, а станува збор за акустична свирка во попладневните часови, која на скопјани ќе им понуди опуштање после напорната работна недела.

Настапот на фронтменот Ѕвонимир Ѓукиќ Ѓуле и неговите колеги во акустично издание е во рамките на „Сансет фестивалот“ во Скопје, кој се одржува по третпат кај нас, а се слуша строго акустична музика.

ЕКСКЛУЗИВНО ИНТЕРВЈУ со фронтменот на Ван Гог, Звонимир Ѓукиќ – Ѓуле

Славните „Ван Гог“ чии хитови им се добро познати на македонската публика, последниот настап во живо во Скопје го имаа во 2019 година на „Пиволенд“, а сега по речиси двегодишна пауза повторно ќе се обидат да ни приредат забава за памење, овојпат во малку поинакво руво, но и на поспецифична локација.

Во продолжение погледнете каква порака испратија членовите на „Ван Гог“ во пресрет на акустичната свирка во Скопје:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот