ВИДЕО| За време на немирите во Казахстан убиени 164 уапсени 8.000 луѓе

Немири во Казахстан
Фото: EPA-EFE/STR

По неколкудневните жестоки судири низ улиците на Алмата , состојбата во Казасхстан се смирува .
Досегашниот биланс на уапсени демонстрантите во Казахстан е 7.939 лица . 

Казахстанските сили за безбедност соопштија дека во минатонеделните немири, кои се претворија во најголемото насилство во постсоветската историја на оваа централноазиска земја, загинале вкупно 164 лица.

Немири Казахстан/ Фото BBC Screenshot


Мирните протести против поскапувањето на горивото ескалираа во насилство, а владините згради беа накратко окупирани и запалени во неколку градови.

Властите ги обвинија „екстремистите“ и „терористите“ за насилството, од кои за некои тврди дека се странски државјани и странски платеници.

Поранешниот шеф на Комитетот за национална безбедност, Карим Масимов, беше приведен минатата недела под сомнение за предавство,

Фото/ Profimedia

Претседателот Касим-Жомарт Токаев разреши и неколку членови на неговиот кабинет и им издаде наредба на казахстанските сили за безбедност да пукаат без предупредување врз насилните демонстранти со цел да се прекинат немирите и да се прогласи вонредна состојба.

Немири во Казахстан
Фото: EPA-EFE/STR

Тој побара од воениот блок предводен од Русија да испрати војници, кои сега се распоредени и ги чуваат стратешките објекти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот