ВИДЕО | За првпат во светот! Научниците тврдат дека две лица успешно комуницирале во своите соништа

Фото: Принтскрин / Јутјуб

Научниците ја донесоа научната фантастика еден чекор поблиску до реалноста со тоа што ја постигнаа првата двонасочна комуникација меѓу поединци за време на сонување.

Компанијата „РЕМСпејс“ тврди дека постигнал „нови димензии на комуникацијата“ меѓу две лица кои спиеле, со испраќање пораки додека биле во состојба на луциден сон, пишува „Фјутурисм“.

Овие пораки не биле испратени преку етер, туку преку специјален апарат дизајниран од компанијата и прикачен на главата на секој учесник – со што се олеснил „првиот разменет разговор“ во соништата.

Бидејќи сè уште не го објавиле своето најново истражување, ќе мора да го прифатите соопштението на компанијата за тоа.

„Вчера, комуникацијата во соништата изгледаше како научна фантастика. Утре ќе биде толку вообичаено што нема да можеме да ги замислиме нашите животи без оваа технологија“, изјавил директорот на компанијата, Мајкл Радуга.

Истражувањето вклучувало двајца учесници кои спиеле во своите домови додека нивните апарати, поврзани на сервер преку Вај-фај, собирале полисомнографски податоци, кои вклучувале следење на нивните мозочни бранови и отчукувањата на срцето. Преку слушалките на учесниците, научниците пренесувале збор од едниот на другиот учесник, создаден преку посебен јазик меѓу нив.

„Нашиот сервер го откри одговор на првата личност и потврди дека е во право. А кога следната личност се најде во луциден сон, ние ѝ го испративме неговиот одговор, а таа исто така го повтори“, изјавил Радуга.

„Кога зборувате на овој јазик во вашите соништа, можеме да ве слушнеме и можеме да поврземе двајца сонувачи“, додал тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот