ВИДЕО: За инает на Роналдо, урнебесна реакција на рускиот селектор

epa09265904 Russia's head coach Stanislav Cherchesov reacts during the UEFA EURO 2020 group B preliminary round soccer match between Belgium and Russia in St.Petersburg, Russia, 12 June 2021. EPA-EFE/Dmitry Lovetsky / POOL (RESTRICTIONS: For editorial news reporting purposes only. Images must appear as still images and must not emulate match action video footage. Photographs published in online publications shall have an interval of at least 20 seconds between the posting.)

Пред неколку дена Кристијано Роналдо ги тргна двете шишиња Кока Кола кои беа пред него на прес-конференцијата  притоа порачувајќи им на сите да пијат вода, и тој потег предизвика различни реакции.

Германците со нетрпение го очекуваат дуелот со светскиот шампион

Прво акциите на Кока Кола паднаа за четири милијарди по потегот на Роналдо, а следниот ден неговиот пример го следеше и Пол Погба. Французинот тргна шише пиво од Хајнекен кој заедно со Кока Кола се официјални спонзори на УЕФА.

За да го спречи ширењето на овој тренд, УЕФА денеска им се закани со парични казни на Федерации чии играчи ќе ги тргнат пијалоците од спонзорите, но денеска се појави ново видео во кое главната улога ја има рускиот селектор, Станислав Черчесов.

Черчесов на прес-конференцијата во Санкт-Петербург пред себе имаше две шишиња Кока Кола, но тој ти искористи на поинаков начин од Роналдо. Рускиот селектор едното шише го искористи за да го отвори другото по што испи неколку голтки од популарниот газиран пијалок и стана хит на социјалните мрежи.

УЕФА му се закани на Роналдо: Ќе има казни за тргање на пијалоците на прес-конференциите

Потегот на Роналдо ја чинеше Кока Кола дури четири милијарди долари

 

Видео на денот