ВИДЕО: „Waterloo“ на шведската група „АББА“ прогласена за најдобра евровизиска песна на сите времиња

АББА

„Waterloo“, песнатa на шведскиот состав „АББА“, е најдобрата евровизиска песна, според гледачите на Би-Би-Си. Публиката гласала за најдобра песна на виртуелниот натпревар „Eurovision: Come Together“, во организација на овогодинешниот домаќин на овој музички фестивал.

Познатиот квартет од Шведска победи на Евровизија во 1974 година и наскоро стана една од најпопуларните групи во светот, пренесува „cdm.me“.

Песната „Waterloo“ е продадена во скоро шест милиони примероци.

Бјорн Улвеус од групата АББА изјавил дека и по толку години сѐ уште не може да верува каков успех постигнал заедно со неговите колеги. Тој открил дека неодамна неговиот седумгодишен внук го прашал дали е вистина дека тој е поп – ѕвезда затоа што тоа го слушнал од неговите врсници.

Бјорн вели дека Евровизија е настан што ви овозможува да избегате и да бидете среќни и дека тоа е фестивал кој носи радост. Тој смета дека фестивалот е „типично европски“.

Меѓу евровизиските хитови за кои се гласаше беа и евровивизиските песни на Нета, Махмуд, Дан Интернешнл, бендот Бакс Физ и Кончита Вурст.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот