ВИДЕО | Вучиќ во прегратка со навивачите на Звезда скандира: „А сад адио“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се појавува во видео на кое се гледа како во познат белградски ресторан ја пее песната „A sad adio“/ Фото: Принтскрин

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се појавува во видео на кое се гледа како во познат белградски ресторан ја пее песната „А сад адио“ заедно со мажи, за кои се верува дека се членови на „Ултра бојс“ навивачка група, објави Нова.рс.

Видеото во кое претседателот ја скандира песната „А сад адио“ имитирајќи го движењето на навивачите со едната рака, наводно е снимено пред неколку вечери во ресторан во Сењак. Меѓу мажите собрани на иста маса, наводно, е и Марко Вучковиќ, познат како Командер, еден од истакнатите водачи на навивачката група „Ултра бојс“. На видеото се гледа и ликот на синот на претседателот Данило Вучиќ.

Инаку, Вучковиќ на пошироката јавност и е познат како еден од луѓето кои стојат зад компанијата „Ултра коп“ која се занимава со градежни работи, основана во 2015 година во Белград, на стадионот Црвена звезда и деловниот објект во рамките на стадионот во Љутиче Богдан. Тој бизнис е познат откако со вртоглава брзина го зголемуваше профитот, добивајќи тендери на државни фирми.

Инаку, против навивачката група „Ултра бојс“ чиј водач е Марко Вучковиќ се поднесени неколку кривични пријави, кои или не биле процесуирани или постапката траела со години, напиша претходно Инсајдер. Токму тоа се случи во единствената постапка поведена против Марко Вучковиќ за нанесување тешки телесни повреди на неговиот сосед Сава Миличевиќ.

Инцидентот се случил во октомври 2008 година во населбата Сењак, кога, според кривичната пријава на полицијата, му пришол Сава Милиќевиќ и рекол дека повеќе нема да продава дрога бидејќи во спротивно ќе повика полиција. Според пријавата, Вучковиќ ја нападнал жената удирајќи ја со раце и нозе и во таа прилика и нанел тешки телесни повреди.

По два судски процеси, во 2014 година, Вучковиќ со првостепената пресуда беше осуден на седум месеци затвор, но во март 2015 година, Вишиот суд ја промени оваа пресуда во ослободителна. Тој беше ослободен од обвиненијата за тешки телесни повреди поради недостиг на докази, пишуваше тогаш Инсајдер.

Откако Нова.рс го објави видеото на социјалните мрежи, Борислав Новаковиќ од Народната партија го објави, како што тврди, вториот дел од видеото во кое се најде и Вучиќ.

„Лудилото е на врвот: пукотници во затворен простор, во присуство на претседателот на државата!!! Нема повеќе!“ напиша Новаковиќ на Твитер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот