ВИДЕО | Вучиќ се пофали: Рекордни инвестиции од 3,9 милијарди евра во 2021 година

Фото: Инстаграм/принтксрин

Српскиот претседател Александар Вучиќ им соопшти на граѓаните преку Инстаграм дека минатата година Србија ја заокружила со повисока стапка на директни странски инвестиции отколку претходната 2019  година која исто така била рекордна. Сега станува збор за инвестиции од 3,9 милијарди евра.

„Мислам дека Рузвелт еднаш рече дека признанието, наградите и благодарноста им припаѓаат на оние кои се борат, на оние кои се во арена, ринг, а не на оние кои дофрлаат или им пречат на другите додека нешто важно и вредно работат. Мислам дека не постои ништо поважно отколку да се борите за својата земја“, рече Вучиќ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот