(ВИДЕО) Вучиќ: Да живееме како најблиски соседи и најблиски пријатели!

Треба да живееме како најблиски соседи и најдобри пријатели, порача српскиот претседател Александар Вучиќ на примопредавањето на вакцините на ГП „Табановце“.

-Ви благодарам на вас г-дин Заев што се борите за вашиот народ и тоа што ги баравте вакцините за нив. Од овие неколку илјади вакцини, секако дека ќе спасите животи, а секој живот е за нас, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.

Тој додаде дека поради сложеноста на процедурата пратка доцнела.

Србија нема никакви интереси други освен да покажува пријателство кон македонскиот народ. Ништо друго не нè интересира, освен нашето пријателство да напредува и да живееме како најблиски соседи и најдобри пријатели. Вистински пријател е оној кој ќе ви се најде кога ви е тешко, а не кога ви е лесно, истакна Вучиќ.

Премиерот Зоран Заев нагласи дека овој чин дава светла перспектива во односите меѓу двете земји.

-Изминатата година беше тешка, и се уште ништо не е готово. Но, пријателството, соработката и солидарноста излегоа на подем во оваа криза. Нашата денешна средба и настан е резултат токму на овие вредности. Упатувам благодарност до Иван Стоилковиќ, нашиот пратеник кој е на лекување, а имаше голема улога во оваа координација. Тука е и пратеникот Мирослав Јовановиќ, кажа Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот