ВИДЕО: Втора титула за Зверев на Мастерс турнирот во Мадрид!

epa09188451 Alexander Zverev (L) of Germany celebrates with his trophy after winning against Matteo Berrettini (R) of Italy during the Men's final match at the Mutua Madrid Open tennis tournament in Madrid, Spain, 09 May 2021. EPA-EFE/CHEMA MOYA

Германскиот тенисер Александар Зверев ја освои Мастерс титулата во Мадрид по вторпат во кариерата, победувајќи го Матео Беретини со 6:7 (8), 6:4 и 6:3 за два часа и 41 минута во финалето.

За 24-годишниот Зверев ова е четврти пехар во кариерата на турнирите од серијата 1.000 – тој има два во главниот град на Шпанија и по еден на Отвореното првенство на Италија и Роџерс купот во Канада.

Зверев претходно беше најдобар во шпанскиот главен град во 2018 година кога во завршната битка за трофејот го совлада Австриецот Доминик Тим.

Германецот ќе остане на шестото место на АТП-листата со 665 поени помалку од Стефанос Циципас (Грција).

Најдобрите тенисери во светот веќе се пресели во Рим (Италија) каде во недела започна уште еден Мастерс, и на кој ќе настапи и првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот