ВИДЕО: Втор ден протести во Аден против јеменската влада: Знакот V на поротестите организирани од Хутите е притив зголемувањето на цените и лошите животни услови

Стотици луѓе протестираа денеска во Аден, втор ден по ред, против јеменската влада, укажувајќи на лошите услови за живот и зголемувањето на цените.
Некои носеа знамиња на бунтовничкото движење Хути, кое контролира голем дел од северот и главниот град на земјата Сана, некои го покажуваа знакот V како победа и се собраа во близина на канцеларијата на Обединетите нации.

Жителите на Аден сметаат дека владата не сторила ништо за да се запре инфлацијата или да се решат постојаните прекини на електричната енергија.

Во Јемен се води војна од 2014 година помеѓу бунтовниците Хути, кои денес контролираат голем дел од северот на земјата и владините сили чиј штаб е во Аден. Хутите се поддржани од Иран, а владините сили се коалиција предводена од соседна Саудиска Арабија.

Покрај граѓанската војна во која загинаа десетици илјади луѓе, Јемен е една од најсиромашните земји, каде 80 проценти од населението зависи од меѓународна помош. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот