ВИДЕО: Врескајќи и облеан во крв полицаец бара помош за време на судирите од Капитол

Вознемирувачко видео од конфликтот меѓу приврзаниците на претседателот на САД, Доналд Трамп и полицијата се појави на интернет.

Настанот се случи во средата кога приврзаниците на Трамп упаднаа во зградата на Конгресот во Вашингтон во обид да ја спречат потврдата на изборната победа на Џо Бајден.

На видеото се гледа како приврзаниците на Трамп туркаат и пристискаат полицаец помеѓу вратата и толпата луѓе, пишува Си-Ен-Ен. Видеото покажува и како еден од поддржувачите на Трамп се обиде да го симне штитот на полицаецот додека тој вреска од болка.

Подоцна, истиот полицаец беше снимен без штит и облеан во крвав, гласно барајќи итна помош. Среде конфликтот, се слуша и глас на уште едно лице кое бара полицаецот да биде ослободен. Тој на крајот сепак беше ослободен и се чини дека одговори потврдно на прашањето дали е добро. Здравствената состојба на полицаецот засега не е позната, пишува Си-ен-ен.

Пет лица беа убиени, а 52 беа уапсени откако приврзаниците на Трамп упаднаа во Конгресот во средата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот