ВИДЕО | Вработените протестираат пред домот на Ана Винтур: Газдите носат „Прада“, а работниците не добиваат ништо

Instagram
Instagram

Вработените во синдикатот „Њујоркер“ протестираат пред куќата на Ана Винтур затоа што бараат поголема плата и безбедност на работата од „суровата модна мајка“.

Работниците марширале сѐ до нејзиниот дом во Њујорк со натписите: „Не можеме да јадеме престиж“, „Газдите носат Прада, а работниците не добиваат ништо“, „Бараме фер плаќање!“ „Поштено платете сега“…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anna Wintour (@wintourworld)

Околу 100 работници скандирале пред куќата на уредничката на модниот магазин „Вог“, а неколку полицајци го набљудувале настанот.

Луѓето од различни средени не можат да си дозволат да работат таму, рекла една од работничките.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anna Wintour (@wintourworld)


Протестот беше нагло заострување на двегодишната борба на вработените во Њујорк со „Конде Наст“ околу платите, надоместот за здравствената заштита и проблемите од работниот живот, рекла жената.

Модната икона и извршна директорка на „Вог“ сè уште не се огласила по повод барањето на работниците, но луѓето од нејзиното опкружување велат дека не е добро тоа што ја откриле адресата на Ана во јавноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот