ВИДЕО | Војновиќ: Историјата покажува дека пандемиите траат од две до три години во неколку брана

Краткорочните ризици за момент беа ограничени од големите стимули кои ги дадоа Централните банки на најразвиените економии. Билансот на централната банка на Америка, за да имате претстава е илустративно прикажан со билансот на двете централни банки, вели во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, Маја Кадиевска Војновиќ, поранешен вицегувернер на НБРМ.

-Во тој период, од март, билансот е зголемен за 2,8 трилиони долари и е на ниво од 7 трилини долари. ЕЦВ немале ваков биланс. Тој е историски баланс и изнесува 6,8 трилиони евра, што е зголемување за за 2,1 трилиони евра. Тоа се испумпани пари во економијата. Тоа на нас како Северна Македонија ни овозможи да се задолжиме на меѓународните финасиски пазари по пониска камтна стапка, рече Маја Кадиевска Војновиќ, поранешен вицегувернер на НБРМ.

Маја Кадиевска Војновиќ, поранешен вицегувернер на НБРМ

Во принцип, вели Кадиевска Војновиќ, ова за земјите во развој кај што сме и ние, овозможи да имаме пристап до меѓународните финансиски пазари што е добриот момент.

-Но што отсега понатаму? Светот знае дека оваа криза нема да има краткорочен карактер. Не може со магично стапче да се излезе од рецесија. Историјата покажува дека пандемиите траат од две до три години во неколку брана. Требаше да се предвиди долгорочниот карактер на кризата, како што го направија Германија и САД. За во иднина јас не мислам дека овие Централни банки нема да ја прекинат монетарната офанзива, а со тоа и ние ќе можеме да излеземе на меѓунардниот пазар на капитал, вели Кадиевска Војновиќ.

За состојбата во Северна Македонија, кои политики и како тие треба да се креираат за да се амортизира ударот врз македонската економија погледнете во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот