ВИДЕО: „Воините“ за едно полувреме го решија Детроит

Клеј Томпсон полека влегува во форма/ фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Голден Стејт вориорс со 102:86 го совлада Детроит пистонс, додека Минесота со 112:110 беше подобра од Њујорк.

„Воините“ дилемите околу победникот ги решија уште во првото полувреме кое го добија со дури 28 поени. Најдобри кај Голден Стејт беа повратникот во екипата Клеј Томпсон со 21 поен и Стеф Кари кој постигна 18 поени. Кај Детроит се истакна Родни Мекгрудер со 29 постигнати поени.


Минесота тимбервулвс благодарение на поените на Карл Ентони Таунс на 29.3 секунди до крајот славеше над Њујорк со 112:110.
Натпреварот за Таунс беше важен бидејќи „Медисон сквер гарден“ арената беше омилена на неговата мајка која минатата година почина од коронавирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот