ВИДЕО: Водиме, и повторно на крајот пораз од Бугарија!

Македонската одбојкарска сениорска репрезентација и по третпат е поразена од Бугарија во пријателските натпревари како темпирање на формата пред јануарските квалификации за ЕП.

Денеска во Софија на гостински терен загубивме со резултат 3:1 во сетови, и повторно како на првите два меча во Скопје, почнавме со предност, но на крајот истата не ја задржуваме.

Првиот сет го освоивме со 25:23, но ривалите на ист начин како во изминатиот период во нашата земја направија целосен пресврт и дојдоа до нов триумф во овие меѓусебни средби.

Вториот сет им припадна на Бугарите (25:18), во третиот беше нешто понеизвесно 25:22, а четвртиот го загубивме со 25:18.

Договорен е уште еден контролен дуел помеѓу овие две репрезентации, в среда исто така во бугарскиот главен град.

Потоа репрезентацијата ќе се врати во Скопје каде што ќе ја финализира формата пред квалификациските натпревари против Турција и против Босна и Херцеговина од 11-до 16-ти јануари во арената „Борис Трајковски“. Првото место сигурно значи пласман на континенталниот шампионат во септември во Полска, во Чешка, во Естонија и во Финска, но реална шанса постои и со второто, затоа што учество во елитата ќе обезбедат и најдобрите пет од второпласираните селекции во седумте групи.

Два порази на македонските одбојкари од Бугарија

ИНТЕРВЈУ Никола  Ѓоргиев: Желба ми е не само пласман, туку и резултат на ЕП

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот