ВИДЕО | ВОА: Преспанското Езеро секојдневно умира пред нашите очи

Фото: Скриншот, „Гласот на Америка“

Жителите на Преспа и туристите, кои го посетуваат овој замрен туристички регион во државата, велат дека секој ден гледаат како пред очи им се губи Преспанското Езеро. Велат дека се немоќни како поединци да преземат ништо. Бараат државата и институциите да преземат итни мерки за спас на второто по големина езеро во земјава, додека не биде доцна, објави „Гласот на Америка на македонски јазик“.

„Секоја година се повлекува се повеќе и повеќе. Овде во автокампот Крани имаме приколка и затоа не загрижува состојбата. Пред десет години, водата беше до долу, каде што е капијата, а сега…. Стравуваме за состојбата со езерото, бидејќи секоја година има се помалку и помалку вода, а никој не се грижи“, вели еден турист.

„Што мислите умира ли полека Преспанското Езеро?“

„Да умира. Кога дојдовме првата година, езерото беше до капијата, до влезот. Од тогаш за десет години е многу повлечено. Имаше мост, децата скокаа, се капеа, се беше поубаво. Нешто треба да преземат, но не знам што. Овде постарите што ги слушаме, кажуваат дека ја испуштале водата во Охридско Езеро, некои велат дека самото од себе се повлекува. Нас ни е убаво и поради воздухот и поради тоа си и доаѓаме но, ќе видиме до каде ќе оди“, вели еден турист.

Целата приказна на „Гласот на Америка на македонски јазик“ можете да ја прочитате тука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот