Протести против апсењето на градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу / Фото: EPA-EFE/NECATI SAVAS

ВИДЕО ВО ЖИВО: Масовни протести во Турција, за Ердоган се „терор на улицата“

Во Турција и вечерва масовно се протестра. Се огласи и Ердоган „Турција нема да потклекне под теророт на улицата“, кажа Ердоган, оценувајќи дека протестите на повик на опозицијата ќе завршат во ќорсокак.

„Нема да толерираме никакво нарушување на јавниот ред и мир“, додаде тој.

Инаку Озгур Озел, лидерот на Републиканската народна партија (ЦХП), најголемата опозициска партија во земјата, на која ѝ припаѓа Имамоглу, ги повика Турците да излезат денес во 20:30 часот по локално време, и покрај заканите на власта.

Синоќа протестни собири во кои учествуваа илјадници граѓани се одржаа во Истанбул, Анкара и други турски градови. Вкупно, од средата, денот на апсењето, протести се одржаа во 29 од 81 провинција во Турција.

Во вторникот властите воведоа четиридневна забрана за собири, но тоа не ги спречи граѓаните во огромен број да се соберат во четвртокот пред градското собрание и полициската станица, како и на универзитетите и плоштадите низ Турција.

Инциденти од помал обем се случија доцна попладнето пред градското собрание на Истанбул, каде што се собраа студенти и граѓани од секој агол на градот, при што полицијата прибегна кон фрлање солзавец и употреба на гумени куршуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот