ВИДЕО: Во вооружен напад во христијанско училиште во САД загинаа најмалку три деца

САД ПОлиција фото: EPA

Најмалку три деца загинаа откако напаѓач отвори оган во приватно христијанско училиште во Нешвил, во американската држава Тенеси, соопшти локалната полиција.

„Можеме да потврдиме дека повеќе лица се хоспитализирани“, објави противпожарната служба на Нешвил на Твитер.

Училиштето во Нешвил, основано во 2001 година, има околу 200 ученици.

Полицијата соопшти дека е ликвидиран напаѓачот и дека не постои моментална закана за јавната безбедност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот