ВИДЕО| Во Украина пристигнаа моќните американски авиони Ф-16, таа ја напаѓа Русија со застарени советски авиони

Image: 561009223, License: Royalty-free, Restrictions: Contributor country restriction: Worldwide, Worldwide. Contributor usage restriction: Advertising and promotion, Consumer goods. Contributor media restriction: {BAA8FA83-9574-4280-99D8-8799440E1C6E}, {BAA8FA83-9574-4280-99D8-8799440E1C6E}., Model Release: no, Credit line: Mariusz Burcz / Alamy / Alamy / Profimedia

Една недела откако украинските бригади го нападнаа рускиот регион Курск, руските воздухопловни сили испратија голем дел од својата флота да ги нападнат украинските трупи – фрлајќи до 50 бомби КАБ секој ден врз базите во регионот Сума во Украина, на границата со рускиот Курск.

Тоа е околу половина од количината  што руското воено воздухопловство обично го фрла секој ден по целата линија на фронтот во војната во Украина. Но, Украина има и воздухопловни сили, како и сателитски водени клизни  бомби, барем исто толку прецизни како руските. Во вторникот на Интернет се појави првото видео на кое наводно се гледа како украински авиони фрлаат американски бомби JDAM врз цели во Курск, пишува Форбс.

Ризикот за авионите кои летаат над Курск е голем

Украинскиот авион наводно го погодил рускиот команден центар во селото Теткино, неколку километри северно од линијата на фронтот во Курск. Се чини дека тие ги извршуваат нападите со застарени советски авиони Сухој Су-27, наместо со некои од Ф-16 што Украина неодамна ги доби од Данска.

Иако F-16 се компатибилни со бомбите JDAM, постојат докази дека украинските воздухопловни сили планираат, барем за почеток,  да ги користат овие мобилни борбени авиони за воздушни патроли наместо за опасни напади, пренесува Индекс.

Ризикот за авионите кои летаат над Курск е голем. Украинската војска во тој реон  преселила „значителна количина“ системи за противвоздушна одбрана , тврдат  руските воени  блогери – како и уреди за електронско попречување кои можат да попречат радио сигнали, а во некои случаи дури и да фрлаат бомби управувани од сателити.

борбени авиони Ф 16
фото МИА

Пилотите летаат ниско

Со голема помош од експлозивни дронови, украинските системи успеаја да соборат неколку руски хеликоптери. Возвраќајки на нападите, руската артилерија оштети едно украинско противвоздушно возило „Бук“.

Русија има распоредено силна  воздушна одбрана околу Курск. Еден украински Су-27 бил забележан како лета на само стотина метри над земјата откако фрлил бомба, и тоа не е случајно. Пилотите од двете страни летаат што е можно пониско, толку често колку што можат, за да останат невидливи за непријателските радари.

Голем напад на руски воени аеродроми

Бојното поле во руската област Курск продолжува да се загрева. Украина нападна четири руски воени аеродроми во регионите Воронеж, Курск и Нижни Новгород, соопшти вчера украинската армија. На овие аеродроми се наоѓаат Су-34, Су-35 и други воени авиони на непријателот, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина. Главните цели биле складишта за гориво и авиони.

 

Сателитските снимки од последните неколку дена покажуваат дека Русија ископала голем ров во близина на градот Лигово во областа Курск. На фотографиите кои ги објави компанијата „Макар“ се гледаат различни делови од ровот што оди паралелно со автопатот Е38 и железничката пруга. Љгов е на околу 60 километри од украинската граница. Наводно, украинската војска дошла на 40 километри од градот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера ги повика сојузниците да дозволат напади со оружје со долг дострел врз цели во Русија. „Колку се похрабри одлуките на нашите сојузници, толку помалку Путин може да направи“, рече тој. Украинскиот претседател го поздрави „добриот напредок“ на Украина во руската област Курск и додаде дека Киев ја постигнува својата стратешка цел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот