ВИДЕО: Во Токио се шегуваа со НБА ѕвездата, тоа не му се допадна на Дурент

Фото: EPA-EFE/JASON SZENES

На Кевин Дурент не му се допадна тоа што што неговите сонародници се шегуваа со него на свеченото отворање на ЛОИ 2020 во Токио, а тоа можеше да се види по неговата реакција.

Офијално се отворени Летните олимписки игри во кои исто така се очекува САД да освојат голем број на медали.

Американскиот кошаркарски „дрим-тим“ и годинава ќе атакува на златото, а една од најголемите ѕвезди во составот е Дурент, играчот на НБА клубот Бруклин нетс.

На патот кон стадионот во Токио кај Американците атмосферата беше малку поразлична, воедно го налутија и Дурент.

Некој се одлучил да се пошегува со него, па на сонародниците им кажа дека НБА ѕвездата има денеска роденден.

Сите му ја пееја роденденската песна, а Дурент беше целосно збунет бидејќи неговиот вистински роденден е дури на 29 септември.

Оваа шега не му се допадна, гледаше кон сите со мрачен поглед и веројатно се обидуваше да го најде оној кој беше одговорен за овој бизарен момент.

Видео на денот