ВИДЕО: Во тек се девет вонредни инспекциски надзори за помлади пациенти кои починале од ковид-19

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) спроведува девет вонредни инспекциски надзори за пациенти во помлада возраст, кои за жал ја загубија борбата со Ковид-19, информира директорката на инспекторатот, Иринка Сотирова Бухова.

Директораката на денешната прес-конференција посочи дека од почетокот на пандемијата до денес ДСЗИ иницираше и заврши 21 вонреден инспекциски надзор. За истите тие имаат поднесено иницирање на вонредни стручни надзори, кои не ги работи ДСЗИ, ги работи Министерството за здравство или лекарската комора.

Прашана дали имаат претставки од граѓаните по основ на несоодветно лекување од страна на лекарите, Бухова рече дека последниве неколку дена немаат добиено претставки.

-Во последните денови или недели немаме претставки од граѓаните по основ на несоодветно лекување од страна на докторите.Вонредни инспкециски андзори ги правиме по допрен глас, по иницијатива на ДСЗИ, по иницитјаитва на Министерството за здравство, рече Бухова во одговор на прашање.

Таа информира дека надзорот во клиничката болница во Битола по однос на акутелната случувања, е сеуште во тек.

-Тоа што можам да ви го кажам во однос на капацитетите од утринскиот почеток на надзорот, за истата болница е дека во тријажниот центар за ковид-19 и сите други респираторни инфекции битолската болница располага со 33 кревети од кои сабајле во утринските часови беа пополнети 68. Централен довод за кислород има за 50 кревети, за останатите има две големи и за секој останат по една помала боца, додаде Бухова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот