ВИДЕО: Во пресрет на летото, ваквите глетки ќе бидат почести – змија во Дебар Маало

Фото: Twitter

Снимка направена во Дебар Маало кружи на социјалната мрежа Твитер, а на неа се гледа змија како ползи околу задното тркало на заклучен велосипед.

„Ако може рт, денес у Дебар Маало комшии ја сликале змијава. Не знам како се нашла тука па ако некој се разбира да каже нешто повеќе?”, пишува во опис на видеото.

Во коментари под видеото некои пишуваат дека го препознале „леопардовиот смок“, змија која воопшто не е опасна и отровна..

Има и информација дека оваа змија е дури и корисна, со оглед на тоа што лови глувци.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот