ВИДЕО: Во пресрет на Денот на пролетта „Лајонс клуб Вардар“ засадува рози

Традиционално, по десетти пат Лајонс клубот Вардар во пресрет на Денот на пролетта и Денот на екологијата засадува рози на неколку факултети во Скопје. Традицијата започнала со садење рози на Медицинскиот и Земјоделскиот факултет, а во последните неколку години членовите на клубот го оплеменуваат и разубавуваат кампусот на Електротехничкиот факултет.

Претседателката на клубот д-р. Билјана Филиповска Шимиќ, денеска во Утрински брифинг зборуваше за идејата и мотивацијата да се започне со една ваква благородна акција, но и за останатите активности на клубот.

-Садењето рози е една убава традиција. Во паркот кој е наречен „Парк на лајонизмот“ досега се насадени околу 500 рози. Даваме наш придонес во подобрување на еколошката слика. На Денот на екологијата и Денот на пролетта имаме закажано акција за садење рози. Ќе засадиме триесет рози, симболично, колку што има членови во клубот, а со тоа ќе ја облагородиме околината, вели д-р. Шимиќ.

Покрај активностите за садење рози, Лајонс клубот Вардар организира и хуманитарни активности.

-Суштината на лајонизмот е помагањето и донирањето. Се трудиме да им обезбедиме храна, облека и помагала на луѓето кои не можат тоа сами да си го обезбедат. Во текот на годината имаме неколку видови на донации. Преку Црвениот крст и преку комуникација со семејства кои што се загрозени точно знаеме кому му е најнеопходна помош. Најчесто помагаме на деца со посебни потреби и на социјално загрозени семејства. Минатата година помагавме на семејства во Пробиштип и во Слепче, Демир Хисар. Во екот на пандемијата во поликлиниката „Букурешт“ беа донирани апарати за дезинфекција, вели претседателката на клубот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот