Видео: Во пожар во затвор во Бурунди загинаа 38 лица

Пожар во затвор во Бурунди/Фото: Profimedia

Најмалку 38 затвореници ги загубија животите, а десетици се повредени во пожар што избувнал во затвор во Гитега, главниот град на Бурунди, изјави заменик-претседателот на државата Проспер Базомбанза.

Локалните жители велат дека пожарот избувнал рано наутро а Базомбанца се уште не може да каже која би можела да биде причината.

Многу од загинатите биле затвореници во подоцнежните години, изјави за Ројтерс еден од околните жители кои пристигнале на местото на настанот додека пожарот сè уште беснеел.

Пожар во истиот затвор избувнал и во август, а властите тогаш утврдиле дека настанал поради дефект на електричните инсталации. Во тој пожар немало жртви.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот