ВИДЕО: Во овие земји од регионот падна првиот снег, на некои планини снежната покривка е дури 15 сантимери

Во Словенија и во Хрватска денес падна првиот снег. Во Словенија најмногу врне на повискоките места додека на крајбрежјето врне дожд, пренесува СТА.

Бела покривка има и на планината Динара, како и во хрватската престолнина Загреб. Сепак, најмногу снег паѓа во Лика и Горски Котор. Таму, дебелината на снегот изнесува дури и над 15 сантиметри.

Поради снежните наноси во Хрвтастка се создадоа и бројни проблеми во сообраѓајот. Тамошните медиуми јавуваат дека сообраќајот е во колапс. Во моментов нема прооден пат за камиони со приколки и трактори со полуприколки од правецот на внатрешноста кон Далмација, хрватскиот брег или Истра и обратно.

Хрватските автопатишта (ХАЦ) ги повикаа возачите да го приспособат возењето во услови на снег, особено предупредувајќи ги да не ги престигнуваат плуговите пред кои патот е секогаш нечист.

Снегот ги покри и ски центрите во Босна и Херцеговина. Љубителите на зимските спортови веројатно ќе се израдуваат бидејќи според временската прогноза обилниот снег продолжува да паѓа и не се топи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот