-6.1 C
Скопје

ВИДЕО: Во Молдавија протест на приврзаниците на новоизбраната претседателка Маја Санду

Илјадници приврзаници на новоизбраната претседателка на Молдавија, Маја Санду протестираа денеска против плановите на парламентот да и ја одземе контролата над разузнавачките служби, само неколку недели пред таа да дојде на власт.

Санду, поранешна економистка на Светска банка која заговара поблиски односи со ЕУ, го победи прорускиот претседател Игор Додон на изборите минатиот месец, но во парламентот сè уште доминираат пратениците на Социјалистичката партија, кои го поддржуваат Додон.

Социјалистите тврдат дека со оглед на тоа дека Молдавија е парламентарна република, контролата врз разузнавачките служби треба да се предаде на Парламентот.

Протестите се одржаа пред зградата на парламентот, додека пратениците водеа жестока дебата за спорните измени на законот.

Одлуката да и се одземат ингеренциите во однос на Службата за разузнавање и безбедност Санду ја нарече „обид за узурпирање на власта” и попречување на нејзиното извршување на функцијата претседател.

– Го добивме гласот на народот на изборите за да ги казниме крадците, за да ги вратиме украдените пари на народот, но крадците се исплашија, сакаат да ги задржат старите шеми на корупција, сакаат да го фрлат гласот на народот во депонијата, рече Санду на протестниот митинг.

Прочитајте и...  МВР: Викендот казнети 412 граѓани за неносење на заштитна маска

Приврзаниците на Санду извикуваа „Долу мафија” и „Долу Додон”, а многумина носеа заштитни маски поради пандемијата на коронавирусот.

Во рамките на парламентот, постапките беа прекинати откако пратениците од партијата на Санду, со помош на други, ја блокираа централната говорница.

Гласањето за предложените амандмани се очекува подоцна, во текот на денешниот ден.

Извор:МИА

Поврзани вести

Лавина во Русија: Властите стравуваат дека се затрупани 12 лица

Слободен печат

Почина хрватскиот амбасадор во Франција

Слободен печат

„Децата останаа сираци, без мајка, баба и дедо“: Погребани жртвите и убиецот од трагичниот настан во селото Расно

Слободен печат

Истражување: Јужноафриканската варијанта на коронавирус полесно се пренесува

Слободен печат

Портпаролот на Џонсон: Навални веднаш да биде ослободен

Слободен печат

Царовска: Нудиме реформа која се фокусира на знаењата на децата, интеграцијата не значи намалување на часовите

Слободен печат

Остави Коментар