ВИДЕО: Во Мадрид антивоен протест пред сликата на Пикасо, Герника

протест пред сликата Герника во музејот на Пикасо во Мадрид/Фото: Твитер

Неколку часа пред почетокот на Самитот на НАТО во Мадрид, околу 30 антивоени активисти протестираа во Музејот на кралицата Софија пред познатата слика на Пабло Пикасо, Герника.

– Демонстрантите ја обвинуваат воената алијанса за поттикнување на војна во Украина и тврдат дека безбедноста не се постигнува со големи количини оружје, се наведува во заедничкото соопштение на организаторите на протестот.

На сликите и видеото објавени на социјалните мрежи се гледаат десетина активисти кои лежат на подот пред сликата Герника, која е инспирирана од крвавиот воздушен напад врз градот Герника за време на Шпанската граѓанска војна.

Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Војната е смрт за луѓето”. „Војната е смрт за уметноста”.

Протестот во еден од најпознатите европски музеи траеше околу 10 минути пред да интервенира персоналот на музејот и да ги избрка демонстрантите, но управата на музејот се уште не го коментирала инцидентот.

За време на Самитот планирано е лидерите на земјите-членки на НАТО да го посетат Музејот на Кралицата Софија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот