ВИДЕО: Во Љубљана нов протест против воведените Ковид потврди и вакцинацијата

Неколку илјади луѓе, денeска се насобраа во Центарот на Љубљана протестирајќи против воведените мерки на словенечката влада за задолжителните потврди и вакцинацијата за ковид,


Некои од демонстрантите носеа државни знамиња, а некои носеа слогани против владините политики и заострувањето на анти-епидемиските мерки.

Полицијата овој пат ги зголеми безбедносните мерки на протестоt кој не беше пријавен. На сличен протест пред неколку дена состојбата излезе од котрола, поради што полицијата мораше да употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите


Словенечката влада воведе рестриктивни анти ковид мерки со цел да се справи со растечкиот број на новозаразени од Ковид

Сите вработени во државната администрација во Словенија кои немаат имунитет односно не примиле вакцина или ја немаат прележано болеста за да продолжат да одат на работа ќе мора да се вакцинираат. Негативниот ПЦР тест веќе не е доволен одлучи словенечката влада.

Според најновата владина одлука, , службениците за да продолжат да одат на работа ќе мораат првата доза да ја примат до 1.октомври, додека втората најдоцна до 1.ноември, ако не решат да ја примат вакцината „Џонсон и Џонсон“ која се аплицира во една доза.

Заострувањето на епидемиолошките мерки според кои за работа, јавен превоз, одење во трговски центри, во банки, пошти и за низ друг активности мора да се има ковид потврда за вакцинација или негативен тест се на сила од средата. Ова предизвика жестоки протести во Љубљана каде демонстрантите дојдоа во судир со полицијата.

 

Сепак премиерот Јанез Јанша  изјави  дека владата нема да се повлече и дека рестриктивните мерки драстично го зголемиле интересот за вакцинација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот