ВИДЕО: Во Кратово се игра фудбал или ватерполо?

Фото: принтскрин/facebook.com/watch/infosport.mk/

Обилните врнежи од дожд си го направија своето и тешко е за фудбалерите да ја контролираат топката на теренот.

И покрај таквата лоша слика, главниот судија Крумислав Ѓоргиев од Штип денеска одлучи дека има услови во најавениот термин од 13.00 часот да стартува натпреварот од 16 коло во Првата лига помеѓу Силекс и Струга Трим Лум.

Двете екипи се на делба на петтата позиција со по 22 бодови во генералниот пласман.

И самиот резултат после еден час игра без погодоци (0:0) доволно зборува колку е уште потешко за фудбалерите на двете екипи да постигнат гол во Кратово.

Во ваквиот „ватерполо“ натпревар фудбалерите ризикуваат и можни повреди..Видео извор: infosport.mk

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот