-9 C
Скопје

ВИДЕО: Во Јемен убиени 11 цивили, меѓу кои четири деца

Најмалку 11 цивили, меѓу кои и четири деца, загинаа во неделата во близина на пристаништето Ходеида во Јемен, во војната меѓу владините сили и Хутите.

Јеменската Влада ги обвини бунтовниците Хути за нападот, меѓутоа нивниот портпарол не одговори веднаш на барањето за коментар.

Организацијата „Спасете ги децата” соопшти дека нападот се случил во неделата, кога шрапнел погодил куќа во градот Дурајхими, јужно од пристаништето Ходеида, преку кој минуваат 70 проценти од хуманитарниот и комерцијалниот јеменски увоз.

Во нападот беа повредени уште десет лица.

– Страшно е кога сведочите дека сè повеќе деца ги губат  животите во своите домови, каде треба да се чувствуваат безбедно, да играат и да учат, изјави Хавиер Хуберт Саве, директор на „Спасете ги децата”. 
Извор:МИА
Прочитајте и...  Истражување: Една третина од излекуваните од коронавирус повторно се разболуваат

Поврзани вести

Лавина во Русија: Властите стравуваат дека се затрупани 12 лица

Слободен печат

Почина хрватскиот амбасадор во Франција

Слободен печат

„Децата останаа сираци, без мајка, баба и дедо“: Погребани жртвите и убиецот од трагичниот настан во селото Расно

Слободен печат

Истражување: Јужноафриканската варијанта на коронавирус полесно се пренесува

Слободен печат

Портпаролот на Џонсон: Навални веднаш да биде ослободен

Слободен печат

Царовска: Нудиме реформа која се фокусира на знаењата на децата, интеграцијата не значи намалување на часовите

Слободен печат

Остави Коментар