ВИДЕО | Во исчекување на вакцините, дедо од делчевско нуди „лек“ против корона: Протнување под ореов корен

Делчевецот Страшо Димитровски е роден во 1952 година и од пред три години е пензионер. По пензионирањето го крепи работата на неговиот имот кај местото Брежје каде се наоѓа неговата вила и посед со многу садници и 15-годишен стар орев. Оревите за Димитровски имаат посебна вредност.

Во име на старите верувања, еден од оревите кои ги посадил го наменил за спас на населението од разни болести. Во неговата желба за тоа да слушне населението, па при неговото објаснување за лековитоста на оревот, тој ја објаснува суштината за спас од разните болести. Според него, кога порано владеела „чумата”, луѓето ги спалувале кај местото „Могила”, а само оние кои поминувале под корените на оревите, се спасиле од болеста.

– Во старо време орале луѓето со волови близнаци и се протнувале под орев за здравје. Ова овде е ваковско, старо дрво, „ери” години народот се протнувал под оревово дрво за пусти болести. Многу луше порано умирале, па ги спалувале овде погоре кај местото „Могила”. Затоа сакам да оставам аманет за овој орев, вели Димитровски.

Тој истакнува дека меѓу првите под дрвото се протнала неговата матична лекарка. Додава дека сепак силно верува во медицината и кога ќе му дојде ред, како што вели, ќе биде меѓу оние кои ќе се вакцинираат против коронавирусот.

Димитровски нагласува дека за оние кои ќе се протнат под неговиот орев кај месноста Брежјето и ќе остават пари, тој ќе ги подари на лицата со хендикеп, на кои како што додава, многу пати им помогнал.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот