(ВИДЕО) Во хотел-карантин со ист уред тестирани над 200 лица, постои можност да се заразени со ХИВ!
Владата на Австралија призна дека користила иста опрема за испитување на гликоза во крвта на повеќе од 200 лица кои биле во карантин и ги повика што е можно побрзо да се тестираат за болести што се пренесуваат преку крв, вклучително и ХИВ.
Ова е уште еден во низа неуспех на владата правилно да се справи со пандемијата, пишува Си-Ен-Ен. На пример, поради недоволна заштита и појава на жаришта во хотелите кои беа пренаменети за карантински престој, во Мелбурн дојде до нови жаришта, поради што вториот по големина град во земјата со месеци беше под строга блокада.
„Тестирање како претпазливост“
Safer Care victoria, здравствената агенција, вчера објави дека е во процес на контактирање со 243 лица, луѓе на кои им се мерело нивоа на гликоза во крвта пред 20 август, бидејќи постои ризик од контаминација и вирусни зарази кои се пренесуваат преку крв, вклучително и ХИВ.
-Клиничкиот ризик од инфекција е мал. Но сепак, како мерка на претпазливост, обезбедивме тестирање- се вели во соопштението на здравствената агенција.
Досега се пријавени повеќе од 20.000 случаи на коронавирус во државата Викторија, вклучувајќи над 800 смртни случаи, што ја прави оваа држава главно жариште во Австралија. Имено, во цела Австралија досега се регистрирани повеќе од 27.400 случаи, со вкупно 905 починати лица, пишува Си-Ен-Ен.
Како дошло со грешка во тестирањето?
Австралија ги затвори своите граници во март, а сите граѓани што се вратија во земјата мораа да платат три илјади австралиски долари (околу 1.792 евра) за да минат две недели во државен карантин.
Медицинските професионалци во тие установи ги користеле истите уреди за испитување на гликоза во крвта кај оние кои имале дијабетес. Иако уредите биле дизајнирани за неколку апликации кај една личност, вработените ги користеле за да го тестираат нивото на гликозата кај повеќе корисници. Секој пат ставале нова игла, но сепак микроскопска количина на крв може да остане во уредите.
Агенцијата Safer Care истакна дека уредот не може да го пренесе коронавирусот, затоа што тој не се шири преку крвта, туку дека постои „низок клинички ризик“ од заразните инфекции: хепатит Б и Ц и ХИВ.