ВИДЕО| Во Грција во еден ден избувнале 52 пожари, огнот се шири кон морето

пожари грција фото принтскрин Твитер

Слабеењето на ветровите во текот на ноќта и помогна на грчката противпожарна служба да контролира неколку пожари во различни делови на земјата, иако утринава пожарникарите се уште се борат со пожарот во Фокис и на Пелопонез.

Според Противпожарната служба, само во понеделникот избувнале 52 пожари предизвикани од силниот ветер и високите температури, пренесува грчкиот весник „Катимерини“.

Еден од нив е пожарот во подножјето на планината Парнас во Фокис, каде што огнот сè уште гори низ областа под маслиновите градини и се дели на неколку фронтови додека се пробива кон морето.

„Во текот на ноќта ни помогна слабеењето на ветровите. Загрижени сме за делот зафатен со пожар од Итеа до Аја Ефтимија“, изјави заменик-гувернерот Јоргос Делмозос.

Тој додаде дека денеска се очекува зголемена воздушна поддршка во натамошното гаснење на пожарот.

Како што соопштија од Противпожарната служба, во гаснењето на пожарот биле ангажирани 140 пожарникари со 43 возила, а од воздух помагале четири авиони и еден хеликоптер.

Се очекува уште еден тежок ден, бидејќи веќе четврти ден по ред е зголемен ризикот од шумски пожари, соопшти Националната метеоролошка служба.

Во понеделникот попладне избувна пожар на Закинтос, во шумска област во областа Камби, на северната страна на островот, кој го гаснат 30 пожарникари со 12 возила, авион и два хеликоптери.

Посебна внимателност ќе биде потребна и денеска, бидејќи се предвидува многу висок ризик од пожар во регионите на Атика, Централна Грција, Пелопонез, Западна Грција и Северно Егејско Море, наведува Катемерини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот