ВИДЕО | Во Германија на еден натпревар видовме два луди пенали

Фото: Screenshot

Натпреварот помеѓу Магдебург и Гројтер Фирт од втората германска лига заврши без победник 2:2, а причината што се најде во центарот на вниманието на медиумите се двата неверојатни пенали.

Неодамна во српската Суперлига видовме сличен пенал кога фудбалерот на Војводина ја фати топката со рака откако голманот ја пушти во игра, но сега видовме дури два пенали во еден натпревар поради такво играње со рака.

Прво гостинските фудбалери направија грешка кога голманот ја додаде топката до својот дефазнивец, а тој ја зема во рацете, додека во второто полувреме на спротивната страна фудбалер на Магдебург ја фати топката мислејќи дека судијата претходно досудил прекршок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот