ВИДЕО: Во финишот избега триумфот на Тотенхем, Лидс до важни бодови во Премиер лигата

Фудбалерите на Саутемптон и Тотенхем одиграа нерешено 3:3 (0:1) во рамките од 28 коло во Премиер лигата.
Гостите од Лондон прокоцкаа три бода, откако домаќинот во судиското надополнување успеа да дојде до реми и остане непоразен на својот стадион.
На крајот од првото полувреме Тотенхем поведео со голот на Поро, а на стартот од вториот дел израмни Адамс.
За 1:2 се погрижи Кејн по асистенцијата Кулушевски, а на 1:3 зголеми Перишиќ. Волкот ги врати надежите на домаќините, а во финишот (90+3`) конечниот епилог го постави Ворд-Проус од пенал.
Лидс дојде до важни бодови во Премиер лигата во битката за опстанок откако со 2:4 славеше кај Вулверхемптон. Гостите водеа со 0:3 по головите на Херисон, Ејлинг и Кристенсен, за момент домаќините ги вратија надежите со намалување на негативата по погодоците на Хони и Куња. Но, клубот од „Еланд роуд“ стигна до бодовите, до крајот на мечот постигна уште еден гол преку Родриго, а асистент беше Самервил (90+7`).
Се одиграа уште два меча: Астон Вила – Борнмут (3:0) и Брентфорд – Лестер (1:1).