ВИДЕО: Во финишот им избега победата на Елмас и Наполи!

Фото: EPA-EFE/ELISABETTA BARACCHI

Вечерва во рамките од 25 коло во најсилното италијанско првенство составот на Наполи ремизираше на гостувањето кај Сасуоло со резултат 3:3.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас за Наполи настапи од 67 минута како замена за Мертенс.

На стадионот во Реџо Емилија после првото полувреме водеше домаќинот после автоголот на Максимовиќ (34`), четири минути подоцна израмни Зиелински, а предноста за составот на Де Зерби ја врати Берарди од пенал (45+1`).

Ди Лоренцо се погрижи за нов егал во 72 минута, а асистентот на тој погодок Инсиње реализираше за водство на „наполитанците“ од белата точка.

Во самиот финиш од средбата Сасуоло успеа да дојде до реми, прецизен пеналџија беше Капуто (90+5`). Моментно на табелата во Серија А тимот на Џенаро Гатузо се наоѓа на петтата позиција со 44 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот