ВИДЕО: Во експлозија во џамија во Авганистан загинаа 15 луѓе

Експлозија во авганистанска џамија
Експлозија во авганистанска џамија/ Фото Twitter screenshot

Во експлозија во џамија во северната авганистанска провинција Бадакша денеска загинаа најмалку 15 лица, а околу 50 се повредени.

Експлозијата се случи во џамија во Фајзабад, главниот град на провинцијата Бадакшан, каде што талибанските власти се собраа на заедничка молитва за убиениот заменик-гувернер, кој загина во експлозија во вторникот, објави локалната телевизија Толо њуз.

Информациите за бројот на жртвите ги потврдија и од управата на локалната болница.

Моазудин Ахмади, локален талибански функционер, претходно потврди дека се случила експлозија, но не знаеше за бројот на жртви.

Мавлави Нисар Ахмад Ахмади, заменик-гувернер на Бадакшан и неговиот возач загинаа во експлозија во Фајзабад во вторникот.

Ниту една група засега не презеде одговорност за нападот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот