ВИДЕО: Во договорот не пишува дека Роналдо не може да биде заменет!

Фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Стратегот на Јувентус, Андреа Пирло објасни дека Кристијано Роналдо порано го заврши натпреварот против Интер со цел да се одмори.

Јувентус вчера го совлада Интер во првиот натпревар од полуфиналето на Купот на Италија на стадионот „Џузепе Меаца“. Двата гола за „Старата дама“ ги постигна португалскиот интернационалец кој беше блиску до хет-трик, но беше заменет во 77 минута.

Роналдо беше незадоволен од одлуката предвреме да го напушти теренот, а еве го одговорот на неговиот тренер:

– Во договорот нема клаузула која вели дека Роналдо не смее да биде заменет. Кристијано знае дека тој е нашиот клучен играч. Тој тоа го докажа и на овој натпревар. Но, му реков дека мора да се одмори, имаме важен меч против Рома в сабота – се зборовите на Пирло.

Реваншот од полуфиналниот дуел на Јуве во Купот против „неро-аѕурите“ е закажан за 9 февруари во Торино. Победникот од минатата сезона Наполи на нашиот Елиф Елмас и Аталанта ќе се сретнат во второто полуфинале.

ВИДЕО: Јувентус поблиску до финалето, Роналдо ја покори „Меаца“!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот