ВИДЕО | ВО ЦРНА ГОРА СЕПАК СЕ ФРЛАА ПО СВЕТИОТ КРСТ: 10-годишно момче најбрзо стигна до крстот во Беране! 

Фото: Принтскрин

Иако Митрополијата на црногорско-приморскиот крај објави дека годинава нема да има традиционално пливање за Водици по Светиот крст, сепак на многу места низ целата земја, верниците се собраа и пливаа во ледената вода.

Во Беране, за крстот пливаа околу 40 млади момчиња, две девојчиња и две деца. До крстот прв стигна 10-годишниот Вук Раичевиќ. 

Како што е наведено, во Беране, и покрај температурата од 11 степени под нулата, се одржа традиционалното пливање за Водици со почитување на епидемилошките мерки. 

Меѓу учесниците беа две дами, Ивана Радевиќ и Маријана Барјактаровиќ, како и две деца – Вук Раишевиќ и Александар Ралевиќ.

Во Бјело Поље учествуваа околу 40 лица во пливање за Светиот крст во, а победник е Марко Дробњак..

Да потсетиме, претходно беше објавено дека нема да има фрлање по крстот во Подгорица, Бар и Никшиќ.

Фото: Фејсбук

Протоереј-ставрофор Слободан Јокиќ рече дека во Никшиќ оваа година нема да биде организирано традиционалното фрлање по крстот,  а златникот со ликот на Исус Христос, кој се доделува на првиот што ќе стигне до Светиот крст, ќе им биде доделен на здравствените работници во тој град.

Денеска, Српската православна црква го слави Богојавление, празникот на крштевањето на Исус Христос, со што започна неговата мисија и проповедање на христијанската вера.

Фото: Фејсбук

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот