ВИДЕО: Во Бундеслигата ништо ново, Победа на Баерн, пораз на Шалке
Актуелниот шампион Баерн Минхен како гостин до 3:1 го совлада Вердер и станата лидер на табелата со 58 бода, пет повеќе од Лајпиг од кого има и натпревар повеќе.
Баварците во првото полувреме имаа предност од 0:2 со головите на Леон Горецка во 22. и Серж Гнабри во 35. минута, а дилемите околу победикот ги разреши Левандовски во 67. минута. До крајот на натпреварот, Вердер успеа да намали преку Фулкруг во 86 минута.
Додека Баерн на врвот продолжува со победите, на дното од табелата Шалке продолжува со очајните игри и убедливите порази. Овој пат Шалке загуби на гостувањето кај Волфсбург со убеливи 5:0.
Гол серијата ја отвори Мустафи со автоголот во 32. минута, за во второто полувреме домашниот тим да постигне уште четири гола и тоа преку Вегхорст, Боте Баку, Брекало и Филип.
Мајнц благодарение на голот на Робин Куаисон во 84. минута го победи Фрајбург.
Унион Берлин го совлада Келн со 2:1 и тоа со пресврт. Келн поведе со голот на Ондреј Дуда, но домашниот тим дојде до трите бода со головите на Макс Крузе и Кристофел Тримел.
Резултати:
Мајнц – Франбург 1:0
Унион Берлин – Келн 2:1
Вердер – Баерн М. 1:3
Волфсбург – Шалке 5:0