ВИДЕО | Внуката на Доналд Трамп покажа како изгледа неговиот авион, сите се смеат поради ситницата во пилотската кабина

принтскрин Youtube

Каи Трамп, 17-годишната внука на Доналд Трамп, неодамна на својот канал на Јутјуб покажа како изгледа внатрешноста на луксузниот авион на нејзиниот дедо, познат како „Trump Air Force One“.

Внуката на поранешниот американски претседател се снимала во авионот додека патувала во Браунсвил, Тексас, за да присуствува на лансирањето на ракетата SpaceX на Илон Маск.

Трамп го купил Боинг 747 во 2011 година, а вреди околу 100 милиони долари и е познат по луксузниот ентериер и раскошните детали, како што се безбедносните појаси кои се украсени со 24-каратно злато. Сепак, освен раскошните детали, вниманието на корисниците на социјалните мрежи го привлече и необичната фигура сместена во пилотската кабина, која го прикажува ликот на Терминатор со главата на Трамп.

принтскрин Youtube

Инаку, во авионот има софи со кадифени перничиња и плазма телевизори, како и бројни златни детали, а количината на злато во авионот наводно би можела да ја покрие целата негова надворешност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот